Босанско херцеговската фитнес инструкторката и професорка на Факултетот за спорт и физичка култура во Сараево, Лејла Шебиќ, ги покажа своите фотографии од одморот на хрватското приморје, а вниманието го привлече со својот неверојатен изглед и затегнати мускули.
Значењето на изразот „годините само бројка“ го потврдуваат и најновите фотографии на Лејла, на кои оваа 47-годишната фитнес инструкторка позирала во костим за капење, а во преден план се нејзините затегнати мускули.
Шебиќ летува на хрватското приморје, поточно во Дрвеник, а за фотографиите позирала покрај табла во форма на срце на која е испишано името на местото.
Статуата од срцето и послужи на Лејла како одличен реквизит за позирање и во неколку наврати ја покажа својата флексибилност. Некои од фановите ѝ порачаа да припази да не падне.
Лејла неколку пати триумфираше на натпревари во бодибилдинг и фитнес, а на пошироката јавност и стана позната во 2014 година, кога ја освои титулата светска шампионка во дисциплината Мис бикини.
Таа се храни здраво и нема ограничувања во исхраната, а никогаш не користела недозволени средства за дохрана.