Популарниот рапер МЦ Стојан доживеа несреќа додека снимаше спот, кога падна од мотор и ја скрши клучната коска, пишува Телеграф.рс. Имено, пејачот објави видео со завои околу рамената, а може да се забележи дека пределот околу рамената и градите прилично му помодрел.
Како што објасни во видеото кое го објави на Инстаграм, несреќата ја доживеал додека го снимал спотот за новата песна:
– Паднав од мотор додека го снимав новиот спот и ја скршив клучната коска, ќе видиме дали вредело – напишал МЦ Стојан, а се верува дека повредата брзо била санирана со итниот одговор на докторот и дека се било ставено под контрола.
Да потсетиме, МЦ Стојан ја освои актерката Оља Левиќ, која го крие својот љубовен живот уште откако се појави на јавната сцена. Таа истакна дека работата и е на прво место и дека нема време за емотивен живот, но сега влегла во емотивна врска.