Две лица од Косово го загубија животот, а уште две се повредени во сообраќајна несреќа во Хрватска, јавува РТВ 21. Градоначалникот на Штимља, Ќемаљ Аљиу изјави дека загинале мајка и ќерка, додека татко и син се тешко повредени.
Тој изрази сочувство до семејството на загинатите, а изјави дека несреќата се случила на пат кон Косово, каде семејството Гаши сакало да го помине годишниот одмор.
– Длабоко сме погодени од страшната вест за кобната несреќа што ја доживеа нашиот сограѓанин Сафет Гаши од село Петерштица. На враќање во татковината, во Хрватска, семејството Гаши доживеа фатална несреќа во која загинаа Њомза Ољури-Гаши и Ољта Гаши. Моето најдлабоко сочувство до семејството за тешката трагедија што не снајде сите нас. На Сафет и неговиот син им посакуваме брзо закрепнување – изјави Аљиу.