Италијански државјанин е спасен од морето во Порто Кација во западниот дел на Лефкада, откако спасувачите слушнале дека туристот се дави.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, спасувачите по име Орест и Јоргос имале полни раце работа бидејќи големи бранови во текот на целиот ден ја зафатиле речиси целата плажа на споменатото место, а биле на готовност во случај на инциденти.

Храбрите спасувачи кон крајот на смената почнале да ги пакуваат своите работи, подготвени да си заминат дома, кога капачите ги пресретнале и пријавиле дека турист се дави во морето.

– Без ниту еден збор и двајцата се нурнаа и успеаја да го извлечат италијанскиот турист жив и здрав – известија сведоците кои со аплауз ги пречекаа спасувачите. Инаку, оваа плажа има само по еден спасител по смена, но втор дојде поради претходно најавената плима.

Моменталната состојба на давеникот не е позната, но тој е спасен во вистинско време.