Според тврдењата на одбраната на Ангелче Николов, обвинетиот Николов избегал од местото на несреќата и се криел повеќе од 30 часа, бидејќи од една страна не можел да ѝ помогне на жртвата, а од друга страна се плашел од реакцијата на мајката на починатото дете, која исто така беше повредена во сообраќајката.

Апелациониот суд, сепак одлучил Николов да биде казнет со казна затвор во траење од осум години, како и казна-забрана на управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од 5-пет години, сметано од денот на правосилноста на пресудата, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење.

Според нив, оваа пресуда воспитно ќе влијае врз обинетиот во иднина да не врши ваков и сличен вид на кривични дела, како и позитивно да се влијае на планот на генералната превенција, со што ќе се остварат целите на казнувањето. Кога во март ја доби затворската казна во висина од 18 години за две кривични дела, „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, од велешкиот Судски совет образложија дека судот не стекнал впечаток дека кај обвинетиот има искрено каење и жалење.

Олеснителни околности биле дека тој не бил кривично осудуван и бил безимотен. Претходните двапати, кога бил осуден за сообраќаен прекршок и му било забрането да управува со возило, укажувале дека изречените казни не влијаеле на него.

Инаку пресудата е донесена донесена од страна на апелацискиот Совет во состав – м-р Ѓоко Ристов, претседател на советот, м-р Лирие Елези Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи, членови на советот, со записничар Емилија Петрушевска, судски советник.