Бела Хадид долги години водеше исцрпувачка борба со Лајмска болест. 26-годишната девојка, која е една од најбараните манекенки во светот, сподели информации за нејзината здравствена состојба и откри дека конечно е здрава по 15-годишно невидливо страдање.

Хадид објави и фотографии направени низ годините додека траело лекувањето. Малата верзија од мене која страдаше ќе се гордееше со пораснатата јас за тоа што не се откажав од себеси.

Ѝ благодарам на мајка ми што ги чува сите мои лекарски извештаи, што е покрај мене и што никогаш не ме напушта, ме штити, ме поддржува и најважно од сè, што верува во мене низ сето ова.

Живеењето со оваа состојба, која се влошуваше одвреме-навреме, и работењето додека се обидував да се направам горда себеси, како и семејството и луѓето кои ме поддржуваа, беше потешко отколку што можам да опишам.

Многу беше конфузно за мене да бидам толку тажна и болна со толку благослови/ привилегии/можности и љубов околу мене. Она што сакам да го споделам со вас е:

Добра сум и не треба да се грижите. Не би сменала ништо. Ако треба, повторно би поминала низ истото, за да бидам тука, токму во овој момент сега, со сите вас, конечно здрава. Би го направила сето тоа повторно. Тоа ме направи ова што сум денес. Универзумот работи на најболните и најубавите начини, но морам да кажам дека ако сега се бориш – ќе стане подобро. Ти ветувам. Направи чекор назад, остани силна, имај верба во твојот пат, чекори со вистината и облаците ќе започнат да се расчистуваат.

Благодарна сум за животот. Овие 100+ денови на хронична Лајмска болест, лекување од инфекција, речиси 15 години од невидливо страдање ќе вредат ако можам да го поминам остатокот од животот ширејќи љубов од полна чаша и да можам да бидам вистинската јас, за првпат во животот.

Се обидов да ги изберам најпозитивните фотографии, бидејќи колку и да беше болно искуството, резултатот е најпросветленото искуство во мојот живот, исполнето со нови пријатели, нови визии и нов ум.

Благодарам за трпението на сите мои соработници, поддржувачи и доктори. Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена. Многу ми недостигате сите. Ве сакам многу.

Дијагнозата дека има Лајмска болест Бела ја добила во 2012 година. Таа се соочуваше со здравствени компликации, депресија, разни бактерии и инфекции додека истовремено ја градеше својата кариера и стигна до врвот на модната индустрија. Нејзината мајка Јоланда и нејзиниот брат Анвар исто така се имаат борено со оваа болест.

Што е лајмска болест?

Инаку лајмската болест е инфективно заболување предизвикано од бактерии кои припаѓаат на родот Borrelia и тоа: Borrelia burgdorferi, Borrelia garinii и Borrelia afzelii, а меѓу фотографиите што ги објави, Бела покажа дека во нејзината крв има присуство на овие бактерии.

Оваа болест кај луѓето се пренесува преку убод од инфициран крлеж. Пикот на ширење на болеста се поврзува со периодот кога крлежите се најактивни, т.е. од почетокот на пролетта до крајот на есента.

Инаку, Бела била дијагностицирана со лајмска болест на 16-годишна возраст. На 14, пак, почнале проблемите со менталното здравје и почнала да пие седативи „на своја рака“ бидејќи се чувствувала многу депресивно.

Таа досега повеќепати отворено зборувала за проблемите со нејзиното ментално и физичко здравје.