АЕК и Динамо Загреб вечерва играат во третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите, но веќе се е во сенка на жестока пресметка меѓу навивачите на овие два клуба, по што еден од нив за жал почина од повредите.

За вечерашниот натпревар има забрана за гостување навивачи, но група симпатизери на Динамо сепак пристигнаа во главниот град на Грција, а на улиците синоќа владееше тотален хаос.

Дошло до жестока тепачка меѓу навивачите на АЕК и Динамо, која според неофицијални информации ја започнале навивачи на гостинскиот клуб.

Грчките медиуми пишуваат дека навивачите на Динамо дошле и се обиделе да упаднат на стадионот на АЕК, а набрзо потоа настанал целосен хаос.

Најмалку осум лица се повредени во жестока тепачка меѓу навивачите на АЕК и Динамо, а како што јавуваат грчките медиуми утринава, еден навивач за жал починал.

Станува збор за 22-годишен навивач на АЕК кој бил избоден во синоќешната тепачка, а иако брзата помош реагирала брзо, за жал лекарите не успеале да го спасат.

Уште еден навивач е во тешка и животно загрозувачка состојба, а голем дел од навивачите на двата тима по хаосот што настанал заминале во болница за помош.

Исто така, се појави ново видео на кое се гледа дел од конфликтот меѓу навивачите на АЕК и Динамо. Полицијата имала полни раце ра