Хорор сцени се случија пред арената ОПАП во грчката населба Нова Филделфија кога повеќе од 100 хулигани на Динамо Загреб нападнаа навивачи на АЕК, а беше убиен 22-годишен навивач на АЕК, пишува најчитаниот грчки портал прототема.гр, која ја има оваа вест и на главната позиција на својот портал.

Како што е наведено, а како што пишува и Спортске новости, снимката од моментот на нападот е шокантна. Грците наведуваат дека се повредени уште осум лица, меѓу кои и 17-годишник. Тие пишуваат и дека тројца Грци и пет Хрвати се хоспитализирани. Тие наведуваат и дека 17-годишникот Грк има тешки повреди на мозокот откако бил погоден со камен во главата. Според нивните информации за страшните настани, уапсени се 96 лица, и однесени се во главното полициско одделение каде се на распит.

Прототема понатаму наведува дека „хулиганите на Динамо Загреб пристигнале од Загреб во Атина и покрај забраната за движење на навивачите издадена од УЕФА.

Грците, продолжува текстот, беа зачудени што толку голема група хрватски навивачи ги помина сите национални патишта и стигна до Атина, без автомобилите никаде да бидат запрени од полициските сили кои знаеја за забраната за организирано движење на навивачите.

Според нив, на местото на настанот пристигнале силни сили на специјалци кои ги потиснале инцидентите со помош на солзавец и димни гранати. Во моментов, пишуваат Грците, се прават напори да се идентификува убиецот на 22-годишниот навивач на АЕК.