Натали Портман (42) се разведува од балетанот Бенџамин Милпејд (46) по 11 години брак, јавуваат странските медиуми.

Причина за разводот е наводно неговото неверство со французинката Камил Етјен, инаку климатска активистка, која има само 25 години.

„Откако се дознало за неговата афера, работеле на тоа да го се смират и да го спасат бракот, но ништо од тоа“ – пишува „Us Weekly“.

Натали и Бенџамин во бракот го добиле синот Алеф (12) и ќерката Амалија (6).

Натали Портман (42) Бенџамин Милпејд (46)
25 годишната Камил Етјен која им го „растури“ бракот