Александар Јоксимовиќ и Снежана Стаменковиќ од Јагодина во неделата со двете ќерки заминаа за Тасос и оттогаш им се губи секаква трага. Под објавениот текст на српските медиуми коментираше сестрата на исчезнатиот Александар, Сандра Јоксимовиќ. Сандра потоа се огласи и на грчката инфо група каде објави фотографии од семејството кое го бара.
– Мојот брат и неговото семејство последен пат се пријавиле на прешевската граница на 6 август во 22:15 часот, а грчката граница ја поминале на 7 август во 00:30 часот. Оттогаш не знаеме ништо за нив. Тие се упатиле кон Тасос каде планирале да најдат сместување. Автомобилот е „опел корса“ со црна боја. Ве молам да ме известите дали ги препознавате на +381 643986646. Благодарам – напиша таа.
Како што беше претходно наведено во апелот на социјалните мрежи, најблиските не можат да стапат во контакт со нив.
– Оттогаш е невозможно да стапиме во контакт со нив. Пријавено е во полиција, ја поминале српската и македонската граница, влегле во Грција и оттогаш им се губи секаква трага. Родителите се обидуваат да стапат во контакт со нив, но телефоните се исклучени – се наведува во апелот. Страницата апелираше до агенциите да се вклучат.
– Бараме туристичките агенции да се вклучат и да проверат во нивните бази дали имаат патници под овие имиња. На овој начин ќе го дознаеме името на хотелот каде што престојувале, ќе контактираме со сопствениците и лесно ќе дознаеме дали пристигнале. Веруваме дека едноставно немале време да се јават – стои на групата.