Од мај до октомври, влезот на познатата Женска плажа во Улцињ, Црна Гора, е дозволен само за дамите. Местото е совршено за жени кои сакаат да уживаат во приватноста, а имајќи предвид дека овде водата има повисок удел на сулфур, многу лекари ја препорачуваат и за лекување стерилитет. За овој дел од Јадранското Крајбрежје се раскажува и едно предание…

Претседателот на Здружението на пријатели на Стариот град, Исмет Караманга во својата книга „Стар град, легенди и уметност“ ја запишал легендата за извесен Алија Уручиј од Улцињ…

Тој бил во брак со Султанета. Но, за несреќа, тие не можеле да имаат деца, па според тогашните отомански закони, тој требало да ја остави својата сакана и да се ожени со друга. Мажот тоа не можел ни да го замисли… Поради тоа, како што оди натаму приказната, Али ѝ рекол на мајка сѝ дека има намера да се убие. Нејзе потоа на сон ѝ се јавил ангел и ѝ рекол да ја одведе снаата на едно место кај Улцињ каде што има извори со сулфурна вода и таа да се капе во нив 21 ден. Така и направиле… А, желбата на Султанета и Алија да станат родители набрзо станала стварност.

Термалната вода оттука првпат била тестирана пред повеќе од 80 години, па oтогаш е и научно посочено нејзиното благотворно дејство.