Хрватската полиција добила пријава за исчезнување на државјани на Бурунди, учесници на светското кадетско ракометно првенство, кое покрај во другите градови се одржува и во Риека 2-ри до 13-ти август.
Според досегашните информации, станува збор за десет млади момчиња (родени 2006 г.), кои вчера на 9 август околу 15.30 часот во непознат правец се оддалечиле од кругот на студентскиот центар Риека, каде што биле сместени за време на првенството, а не одговарале на телефонските повици.
Се преземаат мерки и дејствија за пронаоѓање на исчезнатите лица, како и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување, информираат од СВР Приморско-горанска.
🤾🏾♂️ L'équipe nationale #burundi-aise de #handball des moins de 19 ans exclue de la Coupe du monde en cours en #Croatia par le Comité d'organisation, alors qu'elle avait encore 2 matchs à jouer
✍🏾 Ce 10/08/2023, les juniors burundais devaient jouer contre le #Bahrain, mais selon… pic.twitter.com/HbcYDu3ugz
— Jimbere (@MagazineJimbere) August 10, 2023