Активистот од Пула, Алексеј Орел утрово е пронајден жив. Како што пишува „Индекс“, Хрватската спасувачка служба утринава го пронашла во месноста Шишан, дехидриран и полусвесен и бил префрлен на Итната помош во болницата во Пула.

„Жив е, дише, но му треба лекарска помош. Се уште сме вознемирени“, изјави извор близок до семејството за „Индекс.хр“.

„Тој е пронајден во 8 часот и 18 минути во шумски предел на просторот на поранешна касарна и пренесен во болница“, изјавија за „Индекс“ и полициската служба.

Алексеј Орел исчезнал во средата, а му се губи секаква трага тој ден околу 17 часот откако последен пат бил виден во центарот на Пула. Истата вечер стотици граѓани од Пула се вклучија во потрагата по Орел.

Орел е долгогодишен активист и познат член на општествената заедница во таа земја.