ЛЕУКЕМИЈАТА влијае на крвните клетки, во повеќето случаи белите крвни зрнца во нашето тело. Како што објаснуваат лекарите, белите крвни зрнца нормално се развиваат од матичните клетки во коскената срцевина, а кога овие клетки растат ненормално, се јавува леукемија. Според Националниот институт за рак во САД, тој е најчестиот вид на рак кај децата и тинејџерите.

Дијагнозата на леукемија може да биде страшна за секој родител, но добрата вест е дека стапките на преживување продолжуваат да се подобруваат. Токму затоа педијатрите предупредуваат на најраните симптоми на леукемија кај децата за да можеме навреме да ги препознаеме. Според Medical News Today, првите симптоми на леукемија вклучуваат:

– чести инфекции
– необјаснети модринки
– бавно зараснување на раните
– хроничен замор
– надуеност
– намален апетит
– ненадејно губење на тежината
– болки во коските и зглобовите

Покрај овие симптоми кои се најчести и се појавуваат на самиот почеток на леукемијата, постојат уште некои знаци кои можеме да ги препознаеме и кај децата со леукемија. Тоа се анемија, постојана кашлица, проблеми со дишењето, гадење придруженo со повраќање и напади.