Доцна попладнево, сообраќајка се случи во скопската населба Аеродром, во близина на трговскиот центар „Три бисери“. Се судрија автомобил марка „ауди“ и мотор.

Моторот е паднат на среде раскрсница, а информации за возачот и неговата здравствена состојба засега нема.

На терен има и полиција, а се чека увид.