Неименуван инструктор за возење од Лејквуд, Колорадо стана „интернет ѕвезда“ по несреќата во неговиот Hyundai Tucson.
Деталите не се познати, освен дека завршило во излогот на автошколата на булеварот Вадсворт, а при инцидентот едно лице е полесно повредено. По несреќата возачот бил казнет за сообраќаен прекршок, пренесува USA Today.
„Неколку лица во зградата успеале навреме да се засолнат“, соопштија органите на редот.
Во целата приказна едно едноставно „боде очи“, а тоа е натписот под кој човекот влета. Пишува „Научи да возиш“. Сопственикот на автошколата објасни дека несреќата ја предизвикал нивниот нов вработен со приватен автомобил.