Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година.

Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителство.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.​ Според Кривичниот законик, монструмот се соочува со казна затвор од најмалку 10 години.

ШТО ВЕЛИ ЧЛЕН 188 ОД КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК?

Член 188 – Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години

(1) Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години, ќе се казни со затвор од најмалку осум години

(2) Ако делото од став 1 го изврши крвен сродник во права линија или брат, односно сестра наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друто лице со злоупотреба на својата положба или при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што делото од став 1 ќе го стори со малолетник кој не наполнил 14 години со злоупотреба на неговото душевно заболување, душевна растроеност, немоќ, заостанат душевен развој или друга состојба поради која е неспособен за отпор.

(4) Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна
на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(5) На сторителот на делото од ставот (2) на овој член судот ќе му изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите
од членот 38-б од овој законик.