На 16.08.2023 во 03.25 часот, во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, К.Н. од Охрид физички го нападнал К.Б.(21) од Охрид, при што употребил и остар предмет. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.08.2023 околу 23.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид, ги приведоа Н.Т.(59) од Охрид и Ш.К.(28) од струшкото село Велешта. Тие, претходно во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.