Познатиот босански фолк пејач Асим Бајриќ доживеа срцев удар. Тој е во болница, а новинарите на босанските портали се обидоа да стапат во контакт со него. Пејачот не одговарал на повиците, но се огласи на Фејсбук:
– Драги мои, поради мојата здравствена состојба не сум во можност да ги одржам претстојните настапи. Ве молам за разбирање. Ве сака Вашиот Асим – напиша под фотографијата од болница.
Неговата менаџерка Хилма Пељту за медиумите зборуваше за здравствената состојба на Асим.
– Асим моментално се наоѓа во болницата во Тузла, поради срцевиот удар што го доживеа. Имено, ноќта претходно десната рака му трнела, но не бил премногу загрижен, мислел дека ќе помине и дека најверојатно тоа е поради замор, постојано патување и недостиг на сон. Но, во еден момент му се слошило и веднаш отишол во болницата во Тузла. За среќа, дежурниот лекар бил негов долгогодишен познаник, кој веднаш ги направил сите тестови. Дијагностициран е срцев удар, кој можел да има страшни последици доколку не се постапело на време. Имено, неговата главна крвна аорта била блокирана, а како што подоцна дознале, тоа било поради премногу маснотии во крвта. Веднаш му беше вграден стент, па фала богу сега се е во ред – изјави Хилма за Експрес.
Регионалната публика го познава Асим по песните „Dobro jutro moja voljena“ и „Baška ona baška ja“.