Вниманието на грчките медиуми, но и на капачите го привлекува една жена од Ханиоти која на 15 август додека се капела на Марати во Ханија, ја каснала риба која се нарекува рибен зајак (така се нарекува поради сличноста на нејзината глава со онаа на зајакот).
Како што тврди жената за медиумите, пливала прилично длабоко кога почувствувала гризнување на задникот, над костимот за капење. Во тој момент видела дека ја каснала голема риба, на која откако ѝ ги видела забите ја препознала и сфатила дека се работи за рибен зајак.
Како што истакнува таа, на местото од каснувањето се создала голема модринка, но таа не се соочува со друг проблем поради токсичноста на рибата.
Ги информирала луѓето од околината, со цел да ги предупредат граѓаните да бидат повнимателни при капењето за да се избегнат слични инциденти во иднина.
На жената ѝ била укажана прва помош, а контактирала и со познаник кој е рибар, кој ја известил дека спасоносно и се покажало тоа што залакот бил над костимот за капење, бидејќи немала поголем проблем.