Поради момент на непромисленост, но и грешка при подготвувањето на патувањето, брачен пар од Италија платил дури 711 евра за вечера со четири пијачки на островот.

Ова следува откако еден пар од американската сојузна држава Монтана објави дека платиле дури 870 евра за неколку алкохолни пијалоци на Миконос, популарниот грчки остров повторно се најде во фокусот поради лоша причина.

Овој пат, маж и жена од Италија се вратија дома од Миконос решени преку TripAdvisor и медиумите да му го опишат на целиот свет понижувањето што го доживеале од „измамничкиот“ ресторан DK Oyster.

– Само што видовме на интернет дека се најпознати на Миконос по ограбување клиенти. Тоа беше единствената грешка што ја направивме на инаку убав одмор. Не бевме навреме информирани за нив – напишала жената.

Двајцата дошле прилично наивно во озлогласениот ресторан за да се напијат, да уживаат во музиката и глетката, а попатно да изедат нешто полесно.

– Нарачавме три чаши сок, коктел и мала порција остриги. Кога ја добивме сметката на која пишуваше дека треба да платиме 711 евра, ни се слоши. Само се погледнавме. Сопственикот на тој ресторан е веројатно најголемиот измамник во својот бизнис на сите грчки острови – напишал човекот, а пренесува Њујорк Тајмс.

Сметката била толку голема што парот решил да ја сподели приказната со целиот свет, а потоа навлегуваат во детали во описот на бруката.

– Знаете како започнува нивното мамење? Ве канат на улица бесплатно да седнете на лежалка покрај море. Значи, во споредба со другите, не наплаќаат чадор и пар лежалки. Знаевме дека ќе треба да нарачаме нешто за тоа, но не и дека тоа мора да биде во форма на вечера. На крајот, избравме поскромна верзија на вечера, бидејќи не бевме толку гладни. После тоа стигна сметката – изјави Италијанецот.

На крајот додава дека сакал да повика полиција, но дека морале да го стасаат траектот бидејќи не престојувале на Миконос.

Читателите на TripAdvisor, најпопуларниот сајт за патување искуства на патниците, истакнаа дека инспекцијата ќе мора да стави катанец на ресторанот DK Oyster.

Нема сомнеж дека Италијанците се зезнаа, но само по нивна вина.

Имено, на веб-страницата, во делот на ресторанот DK Oyster, стои дека има само две од пет ѕвезди. Така и пред овој инцидент туристите го опишуваат како измамнички.