Осум дена по ужасниот масакр што го изврши лудиот убиец Нермин Сулејмановиќ во Градачац, истражителите ги склопуваат коцките. Клучот е неговиот мобилен телефон. Меѓутоа, што е тоа во еден човек да почне такви ѕверства без ни трошка емпатија за своите жртви?
Што го натера ладнокрвно да ја убие невенчаната сопруга Низама, сето тоа да го сними во живо на Инстаграм, да го стави своето дете, деветмесечно бебе, во локва крв, да ги убие таткото и синот Џенгиз и ладнокрвно да замине на фармата во Леденица Доња?
Покрај дебелото криминално досие и карактер на локален шериф на место каде што секој мора да му се поклони и да му дава предност во се, што секако беше Сулејмановиќ, лекарската фела истакнува дека и стероидите и анаболиците кои ги конзумирал имале ефект на поттикнување прекумерна агресија.
– Невозможно е да има такви мускули без употреба на тие супстанции, односно прекумерна употреба. Нивниот резултат меѓу другото е агресија. Никогаш не можете да ги изградите тие мускули без прекумерна употреба на стероиди и анаболици. На пример, ако дозата е 0,2 милиграми, земаат по 10 или 15 милиграми за да бидат што поголеми, што е можно подобри, а резултатот од тоа е тоа што влијаат на мозокот. Додадете го на тоа неговото минато, кој не е дечко од библиотека, туку силеџија и криминалец, ќе добиете стопроцентен психопат – вели соговорникот на „Аваза“.