Тиктокерка и актерка, Дорис Милошевиќ, предизвика дебата на социјалните мрежи по објава на видео на својот ТикТок профил. Имено, Дорис го искористила топлото време за да се капе во базен заедно со својот син, а на видеото се гледа дека е топлес. Голите гради на мајката пред своето дете, ја подели јавноста во коментарите на видеото.

И додека едни ја поддржувале тиктокерката, други ја напаѓале и го сметале нејзиниот гест за неприкладен.

„Зошто си гола пред детето“? – гласел еден од коментарите, а на тој се надоврзале и многу други.

„Ако мислите дека тоа е непримерно, тоа е ваше с***уализирање на детето кое всушност нема поим од с***уалност и женскиот дел на телото кое не е создадено за задоволување на вашите страсти“ гласи друг коментар.

„Женските гради не се ништо срамно, особено за детето кое било доено од истите“ се надоврзал уште еден следбеник.

На познатата мрежа оваа тиктокерка отворено зборува за својата борба со дијабетесот и истакнува дека може многу нормално да се живее со овој здравствен проблем. Таа им помага на луѓе како неа кои се борат со оваа болест.

@ddorrissm Life📈🤌🏻 #fyp#foryou#foryoupage ♬ Theme from "A Summer Place" – Percy Faith And His Orchestra