Министерството за внатрешни работи на Србија објави видео од апсењето на две лица осомничени за киднапирање германски државјани. Полицијата брзо ги привела Н.В.(57) и Ж. В.(33) поради сомнение дека киднапирале триесет и двегодишен маж од Германија.
Киднаперите за откуп побарале од неговата девојка 35.000 евра.
– Се работи за татко и син, а еден од нив порано бил припадник на Легијата на странците – вели изворот на Блиц.
Девојката веднаш го пријавила случајот во српската полиција, која набрзо го лоцирала и запрела автомобилот на наплатната рампа Шид во која биле осомничените, а во багажникот пронашла триесет и двегодишен маж на кој рацете му биле врзани со лисици.
Во автомобилот бил пронајден и пиштол со придружната муниција.