Основниот суд во Ѓаковица одреди едномесечен притвор за стоматолог чии иницијали се Џ.К. и едномесечен домашен притвор за неговата сестра Х.К. од Малишево по смртта на пациентка на која ѝ е изваден заб во приватна стоматолошка ординација во сопственост на Џ.К.
Од судот соопштија дек Џ.К. е осомничен дека извршил кривични дела несовесно лечење и недзволено вршење лекарска дејност, а неговата сестра Х.К. е осоничена за недозволено вршење лекарски дејности и посебни случаи на фалсификување документи.
Судот го одбил барањето на Основното обвинителство од Ѓаковица за одредување притвор на осомничената Х.К. и ѝ е одреден едномесечен домашен притовр поради сомнеж дека извршила две кривични дела недозволено вршење лекарска дејност и посебни случаи на фалсификување документи.
Обвинетиот Џ.К. во вторникот, 22 август, во својство на стоматолог, во текот на вадење заб користел несоодветни методи на лечење на Л.Ш. од едно село во општина Малишево, се наведува во соопштението.
Пациентката Л.Ш. по вадењето на забот починала во дворот на ординацијата. Лекарите од болницата во Малишево констатирале дека пациентката починала при примена на несоодветни методи и терапии кои обвинетиот ги користел во текот на вадењето на забот.
Неговата сестра Х.К. е осомничена дека двала медицински услуги без соодветна стручна спрема бидејќи завршила двегодишна школа за кројачи.
При контрола на ординацијата на уапсениот, пронајдени се 18 свидетелства и диплома заверени со фалсификувани печати од средно медицинско училиште и медицински факултет.