Во австрискиот град Штајр спасител турнал гостин од кула висока десет метри. Се појави и видео од инцидентот на кое јасно се гледа што се случило, пишува Кронен Цајтунг, додавајќи дека ситуацијата е всушност посериозна отколку што се мислеше.
Како што е соопштено, на 13 август, спасител во општинскиот базен Штајр во Горна Австрија турнал гостин од кулата. На видеото се гледа како тој се држел за оградата, а спасувачот го клоца во грб. Малку подоцна мажот ја испуштил оградата и паднал десетина метри надолу. На видеото се гледа како со рака го држи носот пред да падне во вода.
Спасителот во меѓувреме бил испрашуван. Тој се извини и наводно рекол дека знаел дека неговите постапки биле погрешни. Неговата судбина ќе се знае во наредните денови, а жртвата се уште не се огласила.
Не е целосно јасно што му претходело на овој инцидент, а сведоците имаат спротивставени изјави.
Се чини дека младиот човек не сакал да ја напушти кулата поради страв или расположение. Спасувачот наводно се качил позади него и го турнал.
Видеото можете да го ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА