Тоше Проески беше обожуван од нацијата, а како што тврди македонската пејачка Ивона Јовановиќ, во Македонија бил прифатен дури кога починал, пишуваат вечера српските медиуми.
Во емисијата „Исповед“ на порталот Нова.рс, Ивона Јовановиќ раскажа како се сеќава на покојниот пејач, но и која е вистината кога станува збор за неговото прифаќање во Македонија. Имено, таа откри дека како мала имала можност да оди на неговиот настап каде луѓето го гаѓале со јајца бидејќи не го сакале.
„Мајка ми ме однесе на настап во Куманово, мајка ми ме држеше во раце и речиси да немаше човек кој не го гаѓаше со јајца. Многу ми е жал што ова е единствената слика што ја доживеав во живо. Не можам да им простам на моите Македонци кои му дозволија да замине и дури потоа да го прифатат и признаат. На цела нација Тоше е слаба страна, многу ми е жал што не е меѓу нас. Затоа ја сакам оваа професија бидејќи оставаме трага и нема враќање назад. И покрај тоа што Тоше веќе не е меѓу нас, тој се уште е жив“, рече пејачката.
Тоше загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2007 година во Хрватска, на автопатот Загреб-Липовац. Прераната смрт на Тоше ги остави во солзи сите негови пријатели, обожаватели, членови на семејството, колеги, па дури и оние кои не ја слушаа неговата музика, а се чини дека луѓето се уште не можат да го преболат неговото заминување. Во моментот на смртта имаше само 26 години.
Само 11 дена пред смртта, на 5 октомври 2007 година, тој одржа концерт во Македонија, на градскиот стадион во Скопје, пред неколку десетици илјади луѓе.