Сестрата на поранешниот хрватски фудбалер Јерко Леко (43), Јелена Леко (34) роди син и му го даде името Раул Габриел.
Среќната вест Јелена ја сподели на својот Инстаграм профил со слатка фотографија од болница со натпис: „Боже, ти благодарам“.
Јелена доби син со херцеговскиот бизнисмен Јосип, со кој се омажи во јуни минатата година. Таа сподели моменти од бременоста со своите 102.000 следбеници.
Парот се венча во Тучепи кај Макарска, а се вери по само неколку месеци врска.
Инаку, атрактивната Јелена пред тоа живееше во Дубаи и Лос Анџелес, каде работеше како модел.