Поплави и проблеми во градовите Волос и Ламиа во централна Грција, како и на островите Крф и Скиатос, предизвика невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати земјата и донесе обилни врнежи од дожд, молњи, засилен ветер и забележлив пад на температурата, јави дописничката на МИА од Атина.
Η κακοκαιρία «Daniel» «σάρωσε» τη Σκιάθο – Αίτημα να κηρυχθεί σε κατάσταση έκτακτης ανάγκης https://t.co/QCv1r9Nbps #HParalia #κακοκαιρια #podence #Ποντενσε #Ντανιελ #OlympiacosFC #Βολος #Γιοβετιτς #ΚαλημεραΜαιρη #Σταματα #ΚαλημεραΓιωργο #Λαρισα
— ProNews (@pronewsgr) September 5, 2023
Најголеми проблеми има во Волос, каде што голем дел од улиците се поплавени, а во прекин е и железничката линија што го поврзува градот со Лариса.
#Ντανιελ#Βόλος pic.twitter.com/LEuoteELOE
— Αριστείδης Καρατζογλου (@Akaratzoglu) September 5, 2023
Преку бројот 112 за итни случаи вчера до жителите на пет области во северна и централна Грција беше испратена предупредувачка порака за опасни временски појави и ограничување на движењата.
Невремето се очекува да трае до утре, а прогнозите се дека и во текот на денешниот ден обилни врнежи од дожд ќе има во северна и централна Грција, во делови на Пелопонез, на островите во Јонското море итн.
#βολος #κραυσίδωνας #υπερχείλιση #daniel pic.twitter.com/qcHJe6Zfju
— Αντί-Νοικοκύρης ® (@The_Broken_Loop) September 5, 2023
За невремето „Даниел“, министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас вчера рече дека станува збор за „екстремен природен феномен“ и истакна дека е потребан внимателност од сите, како од властите така и од граѓаните.