Поранешната задругарка и старлета Маја Маринковиќ пред неколку дена го оперирала задникот во приватна клиника.

Но, поради можните компликации кои ја следат оваа процедура, лекарите и наредиле на Маја строго да мирува следниот период, а првите 14 дена да лежи на стомак, додека целосното закрепнување трае еден месец.

Таа на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм секојдневно прикачува фотографии и видеа на кои делумно покажува како изгледа, сепак Маја денеска реши на сите да им го покаже новиот силиконски задник.

Маја позираше во прекратки тесни шорцеви и топ, а потоа ја сврте камерата кон својот нов задник и во крупен кадар ги покажа резултатите од операцијата и по се изгледа е презадоволна.