Сосема беше јасно дека промената на името на државата со себе ќе повлече и промени со македонскиот идентитет, па иако политичарите убедуваа дека идентитетот е зачуван и е забетониран „како никогаш досега“, сепак во пракса се покажува дека тоа не е така.

Имено, спортскиот канал СПОРТКЛУБ кој се емитува и во Македонија, по синоќешниот меч меѓу Италија и Македонија во Скопје кој заврши без победник 1:1, не’ нарече северни Македонци.

– Северните Македонци продолжија да ја „малтретираат“ Италија, се вели во насловот на статијата, под која нормално почнаа да се редат низа коментари од Македонците кои негодуваа.

Сепак, вината се чини не треба да ја бараме кај оние кои така не’ нарекуваат, туку кај оние кои нe’ убедуваа дека промената на името на државата нема да задира во македонскиот идентитет и секако, кај оние 80 пратеници кои во македонското Собрание спротивно на волјата на македонскиот народ го сменија уставното име на Република Македонија.