Шест загинати во пукотница во атинската населба Артемида.
Како што првично објавија грчките медиуми, три лица биле застрелани во автомобил и тројца во куќа во наведеното место. Сепак, последните информации велат дека пресметката се случила во автомобил на улицата Арионос.
Пет лица загинаа во автомобил, додека едно е пронајдено покрај возило со германски регистарски таблички.
Според тамошните медиуми, станува збор за мафијашка пресметка. Според Си-Ен-Ен Грција, бил употребен пиштол калибар 9 мм.
Прогласена е тревога, додека на терен се силни полициски сили.
Во тек е истрага. Спасувачите и брзата помош се на терен.