Мајката на две деца Трејси Ридаут почина од ретка инфекција откако минатиот месец ја касна германски овчар. Оваа 53-годишна Австралијка тогаш не мислела дека може да биде нешто сериозно, но по неколку дена почнала да чувствува страшни болки и рано утрото на 18 август отишла во болница. Лекарите откриле дека таа има инфекција со Capnocytophaga canimorsus која ги зафатила нејзините бубрези, црниот дроб и крвта.
Нејзината состојба брзо се влошила и починала 11 дена подоцна, откако била ставена во индуцирана кома.
Capnocytophaga canimorsus е бактерија која се наоѓа во устата на кучињата и мачките. Човечките инфекции се многу ретки, а минатата година имаше 56 пријавени случаи во Англија и Велс. Повеќето луѓе не ја добиваат оваа инфекција, но таа може да биде фатална кај луѓе со ослабен имунолошки систем, како што се оние кои земаат лекови за рак или оние со ХИВ. Симптомите вклучуваат плускавци во близина на раната, црвенило, оток, болка и треска.
Трејси не забележала никакви симптоми по каснувањето. Нејзината ќерка рече дека кучето не било лошо, мајка ѝ си играла со него и случајно ѝ го гризнало прстот наместо играчка.
„Таа не размислуваше премногу за тоа, само ја завитка раната“.
Трејси почнала да чувствува болка околу раната една недела по каснувањето и се обидела да ја лекува со Нурофен и Панадол, но лековите не делувале. По дијагнозата во болница, таа била префрлена во болницата Фиона Стенли, каде на семејството му било кажано дека не можат ништо да направат за да ја спасат.