На Смиљана Срнец, жената која ја уби својата сестра и 19 години и го чуваше телото во замрзнувач, привремено и е прекината казната, јавуваат хрватските жедиуми.
Таа штотуку го напуштила казнено-поправниот дом во Пожега, а таму ја пречекал нејзиниот сопруг.
За потсетување, Срнец беше осудена на 15 години затвор во јуни 2020 година за убиство на својата сестра Јасмина Доминиќ. Во април 2021 година, Врховниот суд ја потврди нејзината казна.
Срнец ја убила својата сестра во 2000 година и нејзиното тело го сокрила во замрзнувачот од семејната куќа, а телото беше откриено дури во февруари 2019 година.
Од Судот во Пожега за Danas.hr потврдија дека „поради болест на затвореничката е прифатено барањето за тримесечна суспензија на затворската казна“.
Така, прекинот на казната стапува во сила од денеска, а завршува на 12 декември годинава.
Како што пишува Danas.hr, многумина биле изненадени од одлуката на Судот бидејќи, како што велат, причината за прекинот на казната не е итна, затворот нема врска со таа одлука, туку исклучиво Судот.