Фолк пејачот Ацо Пејовиќ заедно со сопругата Билјана вечерва во ресторан во Белград приредија прослава за 18 роденден на наследничката Ива.
На списокот на гости се најде самиот врв на естрадата, а големо внимание привлече пејачот Саша Матиќ, кој се појави во друштво на сопругата и ќерката, која порасна во вистинска убавица.
Имено, таа носеше тесен, црн, краток фустан со голи рамена, кој ги истакна нејзините долги и витки нозе, а многу погледи беа насочени само кон неа.
Прославата беше организирана во хотел во главниот град, а бидејќи на прославата има голем број пејачи, загарантирана е добра атмосфера. Пејовиќ, покрај Ива, има уште две ќерки Магдалена и Марија и често истакнува дека се гордее со трите.