Чувар од зоолошката градина (28) во Салцбург бил пронајден мртов во вторникот наутро во делот за носорози, додека едно лице е тешко повредено.
Инцидентот се случил во раните утрински часови за време на дневното хранење. Зоолошката градина во моментов е затворена за јавноста, пренесува 24sata.hr.
Во последните години во зоолошката градина во Салцбург се повторуваат инциденти поврзани со животни. На пример, чуварите на зоолошката градина мораа да фатат избегани пингвини и гепарди.