Еден од најпознатите македонски тв водители Јанко Илковски долги години опстојува на тв просторот.

Тој е доста активен и на социјалните мрежи каде што често споделува и работи од својот приватен живот.

Така беше и овојпат кога се огласи од болнички кревети и откри што му се случило.

– На клиника сум за пластична хитургија, имав лоша, многу лоша повреда, а др Туџарова ме оперираше и успеа да ми ги спаси прстите. Некое време ќе отсуствувам од програмата. Фала за поддршката, напиша Илковски вечерва на социјалните мрежи.