Пред две години на младата мајка од Риека, Ана Селмиќ, животот и се промени со зборови кои никој не сака да ги слушне и оттогаш за краток период доживува нешто што некои луѓе не го доживуваат во целиот свој живот.
Тешко е да се опише шокот кој ја зафатил кога дознала дека боледува од лимфом, вид на рак на крвта. За време на дијагнозата, нејзината ќерка имала само една ипол година.
– Се сеќавам дека во тој момент се чувствував исплашено, загрижено и тажно, изјави таа за Жена.хр. Таа со месеци била неподвижна, а во исто време доживувала семејна драма. Нејзиниот сопруг ја оставил бидејќи, како што вели, не можел да се справи со целата ситуација. Сега кога ја надмина болеста, Ана истакнува дека е психички посилна и дека во нејзиниот живот повеќе нема простор за ништо и за никој токсичен.
Пред дијагнозата, таа живеела нормален живот. Работела, уживала во своите хоби и мајчински обврски, а работите тргнале надолу во пролетта 2021 година кога за прв пат почувствувала силна болка во ‘рбетот. Од Итната помош првично и препишале лекови против болки кои ги земала два месеци. Таа се обидела да најде олеснување со инјекции, кои помогнале само за кратко време.
При следната посета на лекарите најпрво дијагнозата не била позната, но тие ѝ предвиделе дека ќе мора да оди на операција на ‘рбетот и белите дробови. По операцијата сфатила дека не може да стане и многу кашла за што е потребна маска со кислород.
За време на операцијата, лекарите пронашле и отстраниле тумор кој го оштетил ‘рбетниот мозок, што било причина за моменталната неподвижност. Сепак, со физикална терапија и вежби се требало да се подобри и лекарите ѝ предвидувале дека постепено ќе ѝ се врати чувството во нозете.
„Меѓутоа, бев неподвижна 8 месеци. Јас навистина не можев да направам ништо сама. Потоа ми ја кажаа дијагнозата и хематолозите ме упатија како ќе изгледа лекувањето на ракот – ме чекаа 6 циклуси на хемотерапија“, се присети таа.
Пред неа беше огромна планина и веројатно најважната битка – битката за сопствениот живот, а Ана во меѓувреме не попушти.
Таа признава дека била главната забавувачка во одделението во болницата. „Знаев да пеам, што ги израдува другите пациенти, а болничкиот персонал ме предупреди да не бидам премногу гласна“, вели таа, додавајќи дека имало солзи за време на нејзиниот престој во болница, како и деновите дека имала денови кога тешко прифаќала дека е врзана за кревет.
Следуваше хемотерапија, а по секој циклус се бореше и со сепса.
Кога косата почнала да и опаѓа, нејзината ќерка забележала дека нешто не е во ред. „На почетокот се плашеше од мене – се плашеше да ми пријде, да седне или да легне до мене. По околу еден месец, таа почна да се зближува со мене. Тогаш ми падна камен од срце, сакав да ја гушнам, но знаев дека треба полека да одам за да се навикне на новата јас“, вели Ана, на која и било доста тешко, како и разделбата од нејзиниот сака.
По хемотерапијата, Ана почнала со физикална терапија, каде повторно научила да оди. Најпрво одела со патерици, а денес оди со помош на ортоза на едната нога.
Сега е на боледување, но покрај секојдневните обврски дома, оди и на долги прошетки и вежби и се вратила на своите хоби интереси. После се низ што поминала, истакнува таа, сега живее помирно и посреќно. Таа признава дека болеста ја променила, но дека сега е психички посилна.
„Кога ја победив болеста, сфатив дека нема повеќе простор во мојот живот за ништо или за некој што е токсичен. „За жал, некои луѓе ми го свртеа грбот кога дознаа дека сум болна – а најболното нешто беше мојот сопруг“, признава таа.
Нему, вели таа, дека му било премногу тешко да се справи со целата ситуација и се одселил кога се разболела. Но, грдата ситуација и донела и нешто убаво, па запознала и други жени со иста дијагноза, а нивната поддршка била пресудна за неа додека се лекувала.
Сега, кога ќе погледне наназад, вели дека би советувала почесто да се оди на лекар и на прегледи, а помалку човек да се стресува за неважни работи. А за сите оние кои се соочени со иста дијагноза вели – издржете со сите сили и верувајте дека можете.