На 13.09.2023 во 05.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Трпејца, во која престојувал, бил пронајден починат е П.Е.Х.(58) од Холандија.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител и согласност на член на неговото семејство, телото било предадено на погребално претпријатие.