МВР информира дека синоќа во 21.23 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје било донесено машко лице.
Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за М.И.(31) од Арачиново, Скопско, кој според првичните информации бил повреден на семејна веселба во Скопско.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.