Пијан педофил завчера вечерта нападнал три и пол годишно детенце додека си играло со други деца во Дебар маало кај местото Дрвен град, кај старата кафана Липа, објавува ФОКУС.
Како што сведочат родители од ова маало за „Фокус“, ова е старо место за собирање на деца од повеќе возрасти, има лулашки за најмалите, игралиште за деца и еден летниковец на кој се собираат и поголеми деца, како и клупи на кои често седат родители.
Вечерта околу 20 часот на 13 септември, момче во тешка алкоолизирана состојба седело во непосредна близина на малите деца.
Во еден момент, едно од децата поминувало пред него, момчето го нападнало и му ги спуштило пантолончињата и гаќичките. Во тој момент другото детенце кое било со него, на истата возраст, викнало по мајка му, која веднаш реагирала.
Случајот е пријавен во полиција, а педофилот бил приведен.
-На 13.09.2023 во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР за „Фокус“.
Родители преку советот на родители од Основното училиште „Коле Неделковски“ се обратиле и до полицијата и до градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, со оглед на тоа што во претходниве недели имало изолирани случаи на насилство врз деца во училиштето, од како што велат, новофилтрирани албански дилери.
Поради овие инциденти родителите и правна служба на општина Центар ќе се обратат до највисокото раководство на Министерството за внатрешни работи за да се најде решение.