Девојка (32) од Србија починала во хотел на Крит, јавуваат грчките медиуми! Според „Creta live news“, девојка од Србија со другарките на Крит дошла на одмор, но истиот завршил кобно.
Во саботата навечер, таа рекла дека се чувствува лошо и повеќе би сакала да остане во хотелската соба да се одмори наместо да излегува. Нејзините пријатели тврдат дека излегле да пијат, а кога се вратиле во хотелската соба ја нашле девојката мртва!
Веднаш била повикана брза помош, но за несреќната девојка веќе било доцна. Инцидентот се случил околу 22 часот.