Смртта на Стив Ирвин и ден денеска останува мистерија иако поминаа 17 години откако ража ја уби оваа сакана ТВ личност и австралиски заштитник на природата. За потсетување, Ирвин на 4 септември 2006 година, на гребенот Бат во близина на Порт Даглас, го избодела ража, додека снимала ново телевизиско шоу, а локацијата на лентата на која целосно е снимена трагедијата не е позната.
Филмските екипи работеа очајно за да се обидат да го спасат пред да го однесат на брегот. Ирвин починал пред да стигне во болница. Целиот инцидент бил снимен на камера, снимките беа предадени на властите за да помогнат во нивната истрага, но снимката се уште не е објавена во јавноста, најмногу поради желбите на неговите блиски пријатели и семејството.
– Снимката никогаш нема да ја види светлината на денот. Никогаш. Го гледав видеото, но не сакам да го гледам повторно – изјави најдобриот пријател и режисер на Ирвин, Џон Стејнтон во шоуто на Лери Кинг во 2006 година.
Во моментот на несреќата, снимателот Лајон заедно со Ирвин бил во вода, а морската риба, роднина на ајкулата, го избола водителот стотици пати во телото пред да му го зададе смртоносниот убод во срце.
„Одеднаш почна да боде и во само неколку секунди му нанесе стотина убоди”, рекол Лајонс во емисијата „Студио 10″ на една австралиска телевизија.
Идејата била Ирвин да плива покрај рибата долга 2,5 метри, но животното очигледно почнало да чувствува опасност. Лајонс го извлекол Ирвин од вода и го префрлил во чамец.
„На градите имаше рана длабока околу 2,5 сантиметри, а од неа течеше крв. Дополнителни болки му предизвика и отровот што го имаат овие риби”, раскажал снимателот.
„После сè само смирено ме погледна и ми рече: Умирам. Тоа беа неговите последни зборови”, изјавил расплаканиот Лајонс и додал дека и денес е шокиран од несреќата оти сметал дека неговиот пријател е „бесмртен”.
„Мислевме дека ќе живееме засекогаш. Се надевавме на чудо, а јас повеќе часови му давав вештачко дишење пред да стигнеме на лекар”, рекол камерманот и додал дека Ирвин имал правило екипата да снима дури и кога е повреден, па така е забележан и моментот на неговата смрт.
„Не знам што се случи со тоа видео, но се надевам дека никогаш нема да биде објавено”, рекол Лајонс.
„Ловецот на крокодили” загина на 4 септември, 2006 година на 44-годишна возраст при снимањето под вода на документарниот филм „Најсмртоносните океански животни”, близу Порт Даглас во Квинсленд, Австралија