Маријана од Белград немала поим дека ќе си помине „боса по трње“ кога ќе ја поканат на свадбата на нејзиниот познаник. Имено, кога била поканета на венчавката, таа решила да се потруди да ги исполни сите стандарди кои може да ги постави еден ваков настан, а бидејќи невестата живее на висока нога, долго размислувала што да им подари на младенците, без да се засрами, но и што да облече за такво друштво.

Со оглед на тоа што е вработена со просечна плата, неколку месеци претходно издвоила пари и кога дошол денот на венчавката, го облекла новиот фустан, земала луксузен подарок и отишла во познат клуб во главниот град каде била организирана забавата, заедно со уште пет пријателки.

Првиот шок се случил токму на влезот. На вратата ги пречекала девојка која им објаснила на која маса да седнат и каде да ги остават јакните. Ништо немало да биде необично доколку Маријана не ја оставела јакната, а момчето што ја чувало гардеробата побарало 200 динари!

– Јасно ми е дека чување гардероба се наплаќа во ноќните клубови, но се уште не сум слушнала дека се наплаќа на свадби. Нема врска, ајде, нема да пропаднам за 200 динари. Сигурно не е тоа што го сакаат младенците, тоа секако е барање од локалот – изјави Маријана.

Се сместиле на масата и веднаш послужиле пијалоци. Девојките сакале да се опуштат, па на почетокот испиле по една чаша алкохол. Тие уживале во музиката и одлично се забавувале. Меѓутоа, кога дошло време да се тргне кон дома, следел „ладен туш“.

– Се поздравивме со младенците и требаше да тргнеме, во тој момент ни пријде келнерот. Тој побара од нас да ја платиме сметката, а ние се погледнавме шокирано. Побледев, не можев ни да помислам дека дојдов на свадба, донесов подарок и морав да платам за чување на сакото и пијалокот што го испив – раскажала Маријана.

Кога келнерот им ја дал фискалната сметка, таа покажала вредност од 17.800 динари за сето она што тие 6 го испиле вечерта.

– Се погледнавме, ги погледнавме младенците и луѓето наоколу. Тогаш сфатив дека сметка доаѓа и за другата маса до нас и дека не сонувам. Што ќе правиме, ги грабнавме паричниците и некако ја собравме сумата што ја побара келнерот. Излетавме без збор. Едно време ниту еден од нив не можеше да зборува од шокот што го доживеавме – изјави Маријана.

По венчавката невестата ја контактирала и и се заблагодарила за присуството и прекрасниот подарок, раскошна слика која, како што и кажала, сигурно ќе им ја украси дневната соба, но за сметката не кажала ни збор.