Семејство на Американец кој се удавил откако се обиде да го помине урнатиот мост го тужи Гугл, тврдејќи дека Филип Паксон починал затоа што компанијата не ја ажурирала својата мапа.
Всушност, мостот во Хикори, Северна Каролина се урнал девет години пред несреќата, што не било забележано на мапата.
Паксон, татко на две деца, почина во септември 2022 година откако се возеше дома од забавата на деветтиот роденден на неговата ќерка во куќата на еден познаник и беше во непозната област во моментот на неговата смрт. Неговата сопруга порано ја однела ќерката дома, а тој останал да помогне во чистењето, пишува Би-Би-Си.
„Не запознаен со локалните патишта, тој се потпираше на „Гугл мапс“, очекувајќи така безбедно да се врати дома и падна во реката Сноу Крик, каде што се удави“, изјавија адвокатите на семејството.
Локалните жители постојано контактирале со Гугл за да ја сменат картата на областа откако мостот се урна во 2013 година, се вели во тужбата. Властите првично поставија бариери пред нефункционалниот мост, но вандалите ги уништиле пред неколку годинни.