Со делта варијантата на корона вирусот во една од приватните болници во Скопје се хоспитализирани трудница и нејзиниот свекор кој во Македонија допатувале од Шведска, објави денеска „Слободен печат“.
Како што пишува медиумот, уште шест-седум членови од ова семејство имаат симптоми, заради што се направени тестови и се чекаат резултатите.
Истовремено, во таа приватна болница, пишува „Слободен печат“ се хоспитализирани и брачни сопружници, од кои едниот се вратил од Ирак и е позитивен на „делта“ сојот.
Медиумот дознава дека еден од повозрасните пациенти во болницата, вчера бил интубиран и неговата состојба е неизвесна од час во час.
Ниту еден од позитивните и суспектните пациенти не бил вакциниран.