Постои една листа од педесетина луѓе во случаи кои беа објавени од Зоран Заев со бомбите. Дел од тие луѓе во 2018 година и беа амнестирани за да гласаат во Собранието за Преспанскиот договор. Мислам дека откако се испроба можноста и власта и опозицијата да стигнат до консензус да се изгласа нешто што е многу горко за Македонците – и Преспанскиот договор и сега францускиот предлог. Ако не се случи првата варијанта, да се гласа на еден цивилизиран начин како за преземена обврска, тогаш на некој начин целта ги оправдува средствата кога станува збор за законот за амнестија. Ова може да звучи некоректно, но политичките партии оптоваруваат. За Преспанскиот договор имавме референдум и граѓаните требаше да излезат и да кажат што мислат и референдумот да успее. Но тоа не се случи се случи, како што рече Јоханес Хан, демократија на „балкански начин“, вели новинарот Џелал Незири во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

– Како може корупцијата да биде разбиена со ваков систем? Затоа ни треба Европа и затоа стремиме кон тој систем на вредности. Ако политичките партии не успеат на цивилизиран начин да дојдат до компромис, пак преостанува балканскиот начин, вели Незири.