Бугарската полиција денеска се судри со приврзаниците на ултранационалистичката партија Вазраждана (Преродба), кои протестираа во Софија против политиката на прозападната влада, барајќи нејзина оставка, како и затворање на базите на НАТО.
Стотици демонстранти се собраа пред зградата на парламентот, протестирајќи против поддршката на бугарската влада за Украина во војната со Русија, објави Ројтерс.
Тие вееја бугарски и руски знамиња и бараа предвремени избори, извикувајќи ги паролите „Оставка“ и „НАТО надвор“.
Демонстрантите ја завршија својата протестна прошетка пред споменикот на Советската армија, каде се судрија со полицијата која се обиде да ги спречи кога се обидоа да се приближат до споменикот, пренесува Танјуг.