ТВ водителката Милена Антовска- Стаковска неодамна преку социјалните мрежи со ултра секси бели шорц панталончиња ја испрати сега веќе старата сценографија од студиото каде ги веќе со години ги води гледачите од утринската програма „Здраво Македонијо“.
Убава и стројна, со тело чија линија може да дозволи да облече се’, Милена почна се поредовно да ги расонува гледачите со голите нозе кои беа во фокус од ултра кусиот шорц.
А кога веќе почна со најава за испраќање, очекувано следеше и најава за презентација на новата сценографија.
А кога е нешто ново, тогаш треба да биде и поударно од претходното.
Па така, Милена избра стајлинг храбар до критична точка. Оние што подзамижани го вклучија тевизорот, веруваме дека од глетката инстантно се разонија, па и окорорија.
Рецептот за брзо расочување на заспаните се состои од едноставни парчиња: црно ултра кусо мини, споено со бела свилена кошула.
Едноставно, но сосема доволно да се задржи вниманието, а веруваме дека останатото беше сосема неважно и за следбениците на Инстаграм кои имаа јасен фокус, а новата сценографија беше сосема неважна.
Нови љубопитни погледи, и секако уште магнетски привлечени стари и добро навикнати на она што им е утринска рутина.