Милионската публика во регионот и низ целиот свет нетрпеливо ја чекаше оваа сабота, кога почна да се емитува седумнаесеттата сезона од најгледаната програма за таленти на Балканот „Ѕвезде Гранда“. Пред неколку дена беше најавено дека оригиналниот креатор на шоуто Саша Поповиќ решил да го промени концептот на натпреварот.
Воведени се нови правила кои секако ќе го променат текот и динамиката на натпреварувањето, а Поповиќ на самиот почеток на емисијата им објасни на гледачите како отсега ќе изгледа „Ѕвезде Гранда“.
– Одличен сум и едвај чекав д започне новата сезона, седумнаесетта по ред. Со оглед на тоа дека првите аудиции ги почнавме во 2003 година, тоа значи дека „Ѕвезде Гранда“ сега има дваесет години. Сега има нови правила кои никогаш не биле во овие дваесет години. Ќе објаснам брзо, но гледачите веќе ќе разберат по првиот, вториот пар. Годинава избравме кандидати, оние кои веќе се натпреваруваа, но никогаш не стигнаа до финалето. Тие се 32, така што ова се избраните кандидати и секој од менторите има по 4 кандидати, двајца машки и двајца женски. Тие сами избрале двајца, додека другите двајца им ги дала продукцијата. На тие кандидати ќе им се спротивстават предизвикувачи, а ги има 96. Всушност, 48 мажи и исто толку девојки – рече Сале на самиот почеток и додаде:
– Она што е важно е дека мажите можат да ги предизвикуваат само мажите, а девојките се против девојките. Што се однесува до оценувањето, секој член на жирито може да гласа само за еден. Имаме избраник и предизвикувач, а тој што ќе победи останува во шоуто, а оној што ќе загуби оди во бараж. Она што е исто така ново е тоа што секој член на жирито може да зборува само 30 секунди. И дека секој ментор ќе седи на различна позиција за секоја емисија, а тоа го одредува тастерот.
Предизвикувачот и предизвиканиот се борат за опстанок во натпреварувањето, а Саша откри дека само во еден момент при резултат 4:3 може да го изедначи бројот на гласови и да го натера менторот да бира меѓу двајца пејачи.
– Резултатот, како што кажав на почетокот, се гласа исклучиво за еден кандидат по пеење. Само во случај резултатот да биде 4 спрема 3, можам да израмнам со моето копче и на тој начин да му дадам можност на менторот да одреди кој останува, а кој оди во плеј-офот – објасни Саша.